Постојат различни верувања кои важат за време на празникот Велигден




Црвеното јајце е универзален симбол на велигденските празници насекаде во светот, а митот за настанокот на светот на јајцата им е познат на многу древни народи, како што се Феникијците, Вавилонците, Египќаните, Хиндусите, Јапонците, Кинезите…
Верувања и обичаи во кои јајцето игра важна улога
Кога се бојадисува според православните обичаи, првото велигденско јајце кое се нарекува чувар куќа се чува на посебен начин.




Ноќта спроти Велигден ставете го ова јајце во сад со вода, додадете босилек, дренка и здравец. Така нека стои цела ноќ, а наутро сите домаќини нека се измијат со оваа вода.
Миењето на велигденското утро носи здравје на целото семејство, особено на децата.
Чувар куќата се става во првата бразда, во пченица и лен при сеидба, пред орање се крши на рогот на волот, а служи и како одбрана од уроци и град.




На некои места е обичај жената, кога првпат ќе види мало дете, да му даде паричка „за среќа“, а јајце „за живот“. Низ историјата, јајцето отсекогаш било нешто мистериозно, магично и лековито.
Во паганските времиња, јајцето било симбол на повторното раѓање на земјата по долга и тешка зима. Со доаѓањето на христијанството, јајцето остана не само симбол на повторното раѓање на природата, туку и симбол на повторното раѓање на човекот.




Првото бојадисано велигденско јајце се става на почесно место во куќата, а се вика чувар куќа или страшило. Се верува дека ја штити куќата и имотот, а порано било обичај домаќинот да го изнесе во дворот кога ќе дојде невреме, за бурата да го заобиколи имотот.
Чувар куќата се чува до следниот Велигден, а ако се расипе се смета за голема несреќа.






