Направете пијалок за детоксикација од куркума и ѓумбир кој ги отстранува токсините, вишокот вода од телото и го забрзува метаболизмот.




Штом дојде време за кратки фустани и здолништа, дамите веднаш размислуваат за диети за да ослабат некој килограм. Сепак, лекарите советуваат прво да се грижите за вашето здравје, а потоа за изгледот.
Важно е здравјето на вашето тело, а не бројот на вагата, нели? Затоа, не би било лошо од време на време да го детоксицирате телото. На тој начин ќе се ослободите од насобраните токсини и вода и ќе внесете хранливи материи кои ќе му користат и на вашето тело.




Една од одличните состојки е куркумата. Има силно антиинфламаторно, антибактериско и антивирусно дејство. Го подобрува изгледот на кожата, ја ублажува болката…
Добро оди со ѓумбир, корен богат со антиоксиданси и витамин Ц, кој инаку се препорачува како главен помошник во процесот на слабеење, но и против мачнини.




Ако додадете уште неколку моќни растенија, добивате силен пијалок кој на организмот ќе му обезбеди витамини, минерали и антиоксиданси, а во исто време ќе ги неутрализира слободните радикали, токсините и вишокот вода.
Еве што е потребно:




- сок од половина лимон
- корен од ѓумбир (околу 1,5 см)
- 1 стебленце целер
- парче ананас
- 1 кафена лажичка куркума
- 1/2 шолја млеко по избор (може да биде и растително)




Сите состојки ставете ги во блендер и убаво изблендирајте ги. Ако е премногу густа смесата додадете малку вода. Ако ви е кисело на вкус, додадете една лажичка мед. Пијте го пијалокот наутро, пред појадок.
Во видеото подолу погледнете уште еден рецепт за пијалок за детоксикација:




@zamansbusykitchen Morning detox drink #fyp #foryou #viral #trending #kszaman #apple #weightloss #weightgain #detox #drink #cucumber #topsecret #diet #water #spinach #4u


