Рецепт за здрав напиток од куркума и лимон – помага при слабеење, го зајакнува имунитетот, спречува воспаленија во организмот!




Куркумата е моќен индиски зачин кој се користи не само за приготвување вкусни јадења туку и за зајакнување на имунитетот и зајакнување на здравјето.
Се користи со векови како природен лек и има силни антисептички и антиинфламаторни својства и е моќен антиоксиданс. Успешно се бори и со слободните радикали кои можат да го зголемат ризикот од разни болести.




Постојат различни начини на кои можете да ја искористите куркумата во служба на здравјето, да ја комбинирате со мед, да подготвите златно млеко или од неа да подготвите чај. Сепак, посебно се препорачува еден пијалок.
Тоа е комбинација од куркума и вода со лимон. Овој лековит напиток ќе го подмлади вашето тело и ќе ви даде многу енергија.




Ако секое утро додадете неколку капки сок од лимон и прстофат куркума во чаша вода, ќе добиете еликсир кој го регулира нивото на шеќер во крвта и го намалува ризикот од воспалителни процеси во телото.
Лимонот е одличен за детоксикација на телото и е одличен извор на витамин Ц, а еве ги сите придобивки од мешавината на вода со лимон и куркума:




- Промовира губење на тежината и го детоксицира телото
- Му помага на телото да ги разгради мастите
- Куркумата може да спречи високи нивоа на шеќер
- Го стимулира производството на жолчката во жолчното кесе, како и други компоненти кои го поддржуваат правилното варење
- Го зголемува нивото на енергија
- Ја подобрува функцијата на црниот дроб и му овозможува на телото да ги разгради токсините од исхраната и околината
- Го зајакнува имунитетот и го намалува ризикот од настинки и грип




Рецепт за вода со куркума и лимон
- исцеден сок од лимон од половина лимон
- 1/4 лажичка куркума
- 1/2 лажичка мед
- 300 мл топла вода
- прстофат цимет (по избор)




Подготовка:
Додадете куркума, сок од лимон, мед во топла вода и промешајте. Повторно промешајте додека го пиете напитокот за да не падне куркумата на дното. Напитокот се пие наутро додека е топол.
Не се препорачува за луѓе кои имаат стомачни проблеми во форма на чир или гастритис. Консултирајте се со лекар пред да го користите напитокот.






