Со овие совети, брзо и лесно исчистете го ѓезвето.




Сигурни сме дека повеќето од вас го започнуваат утрото со шолја кафе. Без разлика дали пиете едно или повеќе кафиња во текот на денот, вашето ѓезве е тоа што треба да го открие сето тоа.
По долготрајна употреба, се случува некои наслаги и дамки едноставно да не можат да се отстранат со едноставно миење со детергент. Како да се ослободите од дамките на ѓезвето за кафе?




Се што треба да направите е четвртина од ѓезвето да наполните со мраз, а потоа лимонот да го исечете на четири дела и секој дел да го исцедите посебно, за да излезе сокот и парчињата лимон.
Додадете две лажици сол и измешајте сè заедно околу две минути. После тоа, сè што треба да направите е да го исплакнете ѓезвето за кафе под млаз вода.




Ќе забележите колку е лесно да се ослободите од старите дамки и наслаги од постојаното варење кафе во ѓезвето на овој едноставен начин. Пробајте и уверете се во резултатите!


