Секое пакување со фолија има сјајна и мат страна која секој ја користи на различни начини. Теоријата за употреба на алуминиумска фолија во кујната кај секоја е различна.




Заговорниците кои подготвуваат храна од сјајната страна ќе кажат дека таа рефлектира повеќе топлина, така што јадењето има покрцкава кора на крајот, додека оние кои претпочитаат готвење на мат страната гледаат како подобро ја спроведува топлината и создава унифициран модел.
Точно е дека алуминиумската фолија нема правилна или погрешна страна и која и страна да ја користите, во право сте.
Разликата во „финишот“ ја создава продукцијата, објаснија експертите од американските Reynolds Kitchens, кои веќе 70 години произведуваат се што некогаш ви било потребно во кујната.




Фолијата при производството се „ваљa“ во слоеви. Тоа е процес во кој фолијата со помош на топлина и затегнување се доведува до саканата дебелина.
Два слоја фолија се формираат истовремено за да се спречи пукање. На места каде едниот слој фолија го допира другиот, има мат страна.
А сјајната страна настанува на местата кои не се во допир. Освен во кујната, можете да ја користите и во останатиот дел од куќата на различни начини.






