Магична молитва за прочистување и надминување на се што е негативно

На сите ни е потребно прочистување: да ја исфрлиме негативната енергија од нас, да се ослободиме од лошите навики, искуства и емоции, да продолжиме напред со надеж, со нова сила и верба во доброто во нас и околу нас.

Најдовме за вас примерна молитва за прочистување, која ќе ви помогне да го тргнете товарот од вашата душа. Тоа не е „молитва“ во вистинска смисла, туку свесна одлука да ги оставиме сите овие работи што не попречуваат и ни го одземаат душевниот мир, хармонија и среќа.

Тоа е покана да верувате во доброто и да ја откриете сопствената моќ – онаа што е во вас, и да ги отворите вашите души и срца за новите благослови што претстојат. И запомнете дека секогаш можете да сметате на поддршка одозгора – само треба да ја посакате и прифатите.

Се ослободувам од секој сомнеж.

Се ослободувам од секоја навреда.

Се ослободувам од секој гнев.

Се ослободувам од секое недоразбирање.

Се ослободувам од секоја тага.

Се ослободувам од секоја мака.

Се ослободувам од секој сомнеж.

Се ослободувам од секоја недоверба.

Се ослободувам од секој очај.

Се ослободувам од секоја љубомора.

Се ослободувам од секое самообвинување.

Се ослободувам од секое обвинување.

Се ослободувам од секој страв.

Се ослободувам од секоја предрасуда.

Се ослободувам од секое чувство на подреденост.

Се ослободувам од секоја вина.

Се ослободувам од секое незадоволство.

Се ослободувам од секоја суровост.

Се ослободувам од секоја недобронамерна мисла.

Се ослободувам од секоја болка.

Се ослободувам од потребата да бидам жртва.

Се ослободувам од навиката да го игнорирам моето срце.

Се ослободувам од траумите од минатото.

Се ослободувам од стравовите за иднината.

Се ослободувам од се што ме мачи и носи збунетост во мојата душа и срце.

Ви благодарам за сите луѓе и настани во мојот живот! Благодарам за лекциите што ми дојдоа!

Со понизност и благодарност прифаќам се што беше во мојот живот и го пуштив да си замине. Ја чистам душата и ја отворам за новите благослови што треба да дојдат кај мене.

Се во мојот живот се случува на најдобар можен начин. Верувам дека имам поддршка одозгора, дека се има причина и треба само да ги гледам работите од друг агол за да ги видам бескрајните можности што ми претстојат.

Се прифаќам и одобрувам за себе, ја оставам Божествената мудрост и љубов да ме исполнуваат и да ги расфрлаат нивните зраци низ целото мое битие, во секое влакно на моето тело, да се влеваат во моето срце и да ме исполнуваат со радост.

Избирам да уживам во сегашноста и да го живеам целосно секој момент што ми е доделен на оваа земја! Благодарам што постојам; благодарам што дишам; благодарам што живеам! Благодарам што ми е дадена можноста да бидам тука и да се потопам во пространоста на безвременоста на сегашниот момент!

Нека Божјата промисла ме води на вистинскиот пат, и Ангелите нека ме чуваат на секој чекор што ќе го направам!

Да биде!

Ако сакате, можете да напишете на лист хартија своја листа на работи од кои треба да се ослободите, секој пат чувствувајќи ослободување од вишокот товар што паѓа од вашите рамења. Накрајот, симболично скинете го листот и фрлете го.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...