Сезоната на вируси започна – заштитете се на време.




Топлите напитоци како чајот се најдобри природни сојузници во борбата против настинката. Меѓутоа, покрај чаевите, напитокот од лимон и ѓумбир се покажал како одличен.
Поради неговите аналгетски, антиинфламаторни, антибактериски својства, ѓумбирот долго време се користи во народната медицина за лекување на многу здравствени проблеми како кашлица, запек, повраќање, мигрена, дебелина и многу кардиоваскуларни заболувања.




Ако на ѓумбирот се додадат лимон и мед, тогаш тој е полн погодок за имунитетот.
За овој напиток кој е идеален против настинка, ќе ви требаат:
- помал корен од свеж ѓумбир
- литар вода
- 3 лажички домашен мед
- 1 лимон




Начин на подготовка:
Излупете го ѓумбирот и исечете го на тенки парчиња. Во тенџере ставете го ѓумбирот и прелијте го со вода и оставете да се вари 15 до 20 минути на умерена температура.
После тоа, тргнете го ѓумбирот од шпоретот и оставете го да отстои уште најмалку 5 минути. Потоа процедете го напитокот, па додадете го сокот од лимон и засладете го со мед.




Овој пијалок најдобро е да се пие додека е топол.


