Ова е поисплатливо решение и е многу подобро за животната средина.




Самото правење детергент за перење звучи како тешка работа што лесно можете да ја избегнете со купување детергент во супермаркет, но ако сакате да заштедите пари, детергентот „направете сам“ навистина може да помогне бидејќи е многу поевтина верзија од верзијата во ќе ја најдете во супермаркет.
Тешко дека ќе ве чини нешто, а ќе ви обезбеди прекрасно чисто и свежо перење. И како тоа да не беше доволно, многу е подобро за животната средина!




Што ви е потребно за 2,5 литри домашен течен детергент за перење? Ќе ви бидат потребни 45 грама сода бикарбона, 45 грама неутрален сапун, 2,5 литри вода.
Постапка за подготовка:
Ставете големо тенџере (тенџере за супа, на пример) на шпоретот. Додадете 2,5 литри вода и загрејте на висока температура. Почекајте додека водата зоврие.




Изрендајте 45 грама сапун и додајте го во водата. Мешајте додека сапунот целосно не се раствори.
Во зовриената вода додадете и 45 грама сода бикарбона. Повторно мешајте додека содата целосно не се раствори. Исклучете го огнот и оставете ја смесата да отстои најмалку 12 часа.




По 12 часа смесата ќе стане погуста. Истурете ја смесата во голем пластичен сад за складирање. Оваа количина на детергент ќе биде доволна за најмалку 40 перења.
Забелешка: проверете дали барабанот на вашата машина за перење е изработен од нерѓосувачки челик! Ако е направен од алуминиум, сода бикарбоната може да го оштети.






