Еве зошто треба да ставите два ореви на вашата дланка – вежба која ослободува од стресот! Во современиот свет се повеќе сме изложени на стрес, на работа, во семејството, во сообраќајот, во односите со другите луѓе…




Колку често се соочувате со стресна ситуација во текот на денот? За да се зачува здравјето и мирот, потребно е да се развие штит од напнатост и да се најде начин да се ослободите од насобраниот стрес.
Медитација, престој во природа, вежбање јога, сето тоа се добро познати техники кои можат да помогнат да се ослободите од стресот, но една одлична вежба сигурно досега не сте ја пробале. Тоа е техника од источната природна медицина, вежба со ореви.
Земете два ореви со лушпа и ставете ги на вашата дланка, а со другата рака движете ги оревите на дланката, како да ја масирате раката со ореви.




Прво движете ги докрај нагоре и надолу, од десно кон лево и од лево кон десно, а потоа движете се кон прстите. Лушпата од орев има одличен допир и е масажа која може да ги стимулира точките кои се поврзани со органите во нашето тело.
Источната медицина ја објаснува ефикасноста на вежбите со ореви со фактот дека менталната активност не ја контролира главата, туку внатрешните органи: енергијата се крие во белите дробови, умот е во срцето, духот е во црниот дроб, волјата е во слезината, а желбата да се достигне целта е во бубрезите.
Постои тесна врска помеѓу прстите и нервите, па оваа вежба може да придонесе за брзо смирување кога сте напнати. Додека ја правите оваа вежба, сместете се удобно, можете и да ги затворите очите и да размислувате за нешто позитивно и убаво.




Пуштете релаксирачка музика додека ја масирате раката со оревите, а освен што ќе го ослободите стресот и ќе се смирите, оваа вежба може да ви помогне и да заспиете побрзо.


