Киселата зелка е една од најдобрите намирници за зајакнување на имунитетот, додека нејзиниот сок е идеален за многу болести.




Солената вода од зелката содржи голема количина на минерали и витамин Ц. Најчесто се користи како лек за мамурлак, но е многу добра за варење, а се користи и за разни диети.
Она што е важно да се напомене е дека треба да внимавате саламурата и киселата зелка да не се премногу солени, за да не дојде до висок крвен притисок. Саламурата поради големото количество на витамин Ц е одлична во борбата против настинките.




Содржи и витамин Е, совршен антиоксиданс, витамин К, важен за коагулација, како и витамини од Б комплексот. Во зависност од начинот на киселење на зелката, може да се подобрат лековитите својства на саламурата.
Саламура треба да ја пијат луѓето кои боледуваат од ревматизам бидејќи минералот калиум го поттикнува излачувањето на водата од телото. Пиењето на овој сок помеѓу оброците помага при воспаление на цревата и дијареа.




Се препорачува да се пијат три шолји до литар саламура во текот на денот во мали количини, три до четири недели, против чир на желудникот.


