Кога фрижидерот не е чист, постои ризик од бактерии кои лесно можат да стигнат до нашето тело преку храната. Еве како брзо и лесно да го исчистите фрижидерот без хемикалии.




Решетките и полиците во фрижидерот мора да се чистат секојдневно. Не дозволувајте содржината на истечениот сос или други остатоци од храна да се исушат. Освен што подоцна ќе ви биде многу потешко да ги стругате изгорените точки, тие стануваат и извор за формирање на бактерии.
Садовите што ги ставате во фрижидер исто така мора да бидат беспрекорно чисти. Пред да ги вратите во фрижидер, избришете ги теглите со џем или салата, шишињата кечап и слично.




Проверете го рокот на траење на храната што ја чувате во фрижидер, а особено состојбата на нивното пакување. Важно е ништо да не протекува, како на пример одмрзнато месо или бобинки замрзнати во картонски кутии.
Извадете ја храната за одмрзнување од нејзината амбалажа и префрлете ја во чинија. Еднаш неделно, бришете ја надворешната страна на вратата од фрижидерот, особено рабовите и горниот дел, со чиста крпа натопена во вода со малку детергент за миење садови.




Грижете се за пластични или метални делови за отворање на вратата на замрзнувачот и фрижидерот, бидејќи тие често содржат дамки и валкани отпечатоци од прсти. Користете специјален, комерцијален спреј за чистење на деловите од нерѓосувачки челик.
НАПОМЕНА: Не чистете ја внатрешноста на фрижидерот со детергент или било која друга хемикалија, бидејќи ако не го измиете добро, лесно ќе влезе во храната.




Користете природни препарати, а најдобро би било да измешате 2 лажици сода бикарбона и 1/4 литар топла вода. Исплакнете со влажна крпа, а потоа исушете со чиста крпа. На овој начин ќе се ослободите од непријатните мириси.
Внатрешноста на фрижидерот чистете ја на секои два до три месеци. Обрнете посебно внимание на малите прегради за јајца и полиците во вратата од фрижидерот.




Непријатните мириси од фрижидерот ќе ги отстраните со помош на талог од кафе. Ставете го талогот на чинија, а потоа во фрижидер и оставете го преку ноќ. Во утринските часови ќе исчезнат непријатните мириси.


