Навистина се ретки, но постојат: Еве кои симптоми кои укажуваат на тоа дека сте алергични на кромид.




Алергиите на храна се резултат на грешка во имунолошкиот систем. При алергиска реакција на храна, имунолошкиот систем реагира на храната како супстанци кои се опасни за телото.
Сите знаеме колку е корисен кромидот. Но, тоа може да предизвика алергиска реакција. Оваа алергиска реакција на кромид е многу ретка. Многу експерти сметаат дека кромидот е хипоалергенски производ. Затоа, не се смета за алерген.




Алергии најчесто предизвикуваат празот, шалот кромид и зелените листови, а поретко луковиците од кромидот. Ова го покажува статистиката. Алергиската реакција на кромид е иста како и секоја друга алергија на храна.
Симптоми на алергија на кромид се – надуеност, гадење, дијареа, повраќање, црвенило на кожата, чешање на очите, грчеви во стомакот, течење на носот, рапава кашлица, често кивање, отечени јазик и усни, грчеви во дишните патишта, осип.




Во тешки случаи на алергија на кромид, се забележува синдром на астма, анафилактичен шок и развој на ангиоедем. Тешка алергиска реакција го загрозува човечкиот живот.
Со овие компликации веднаш треба да побарате лекарска помош. За среќа, компликациите поради алергиска реакција на кромид се многу ретки. Осипот при алергија на кромид во повеќето случаи е во абдоменот.




Симптомите наведени досега се добиваат во рок од неколку минути по консумирањето на кромидот или до два часа. Доколку имате алергија на кромид или се сомневате во него, најдобро е да избегнувате да го консумирате.
Треба да се внимава со бебињата и малите деца. Кога се воведуваат одредени намирници, тие се даваат во многу мали количини и постепено се зголемуваат.




Ова се прави затоа што родителите сè уште не знаат дали и на што е алергично нивното дете. Алергиска реакција на кромид кај бебињата може да биде предизвикана од неразвиен дигестивен систем.
За алергии на храна, важен е и следниот фактор. Тоа значи дека ако еден од родителите на детето боледува од алергии, тогаш шансата да развие алергија е 50%. Ако и двајцата родители страдаат од алергии, тогаш шансата детето да развие алергија станува 90%.






