Многу луѓе користат сунѓери за миење садови – за чистење чинии, саксии, прибор за јадење, но и разни површини во куќата – од полици во фрижидерот до кујнски ормари и слични места.




Студија објавена во списанието Scientific Reports 2017 покажа дека сунѓерот за миење садови шири милиони бактерии низ куќата.
Дури и кога мислите дека сунѓерот е чист, содржи многу микроорганизми кои можат да го загрозат вашето здравје и здравјето на вашето семејство.




Една студија објавена во списанието Journal of Environmental Health покажа дека повеќето – дури 99 проценти од бактериите можат да се отстранат од сунѓерот ако го ставиме во микробранова печка 90 секунди со полна моќност.
Што треба да се направи?




- Во микробрановата печка користете сунѓери само без метал.
- Сунѓерот мора да биде влажен. Навлажнете го добро пред да го ставите во микробранова печка.
- Ставањето влажен сунѓер 90 секунди со полна моќ ќе отстрани 99 проценти од бактериите, вклучувајќи ја и ешерихија коли, покажа студија објавена во списанието „Journal of Environmental Health“.
- Внимателно извадете го сунѓерот од микробрановата печка и оставете да се излади пред употреба бидејќи ќе биде многу жежок и може да предизвика изгореници.






