На 16 април започнува фазата на розова полна месечина која ќе има најголемо влијание на љубовната сфера. Еве кои 3 хороскопски знаци ќе ја запознаат својата сродна душа!




Во текот на оваа недела, поточно на 16 април, ќе се случи необичен астролошки феномен, таканаречената розова полна месечина. Ќе биде во знакот Вага и ќе има големо влијание на љубовните врски.
Оние кои веќе имаат партнер ќе го почувствуваат тоа, во вид на зголемена интимност, додека оние кои се сами ќе имаат огромна шанса да ја запознаат својата сродна душа!




Не мора да биде некој нов во нашите животи, можеби е присутен долго време, но едноставно не го доживеуваме на тој начин. Розовата полна месечина ни помага да ги откриеме нашите чувства.
Ќе ни ги отвори очите за некои нови љубовни можности, нејзината енергија ќе ги обедини луѓето кои се создадени еден за друг.




Ова се трите знаци кои имаат најголеми шанси да ја најдат својата сродна душа за време на розовата полна месечина во Вага:
1. Вага
Бидејќи полната месечина е во вашиот знак, ова е идеално време за вас. Работите во вашиот живот полека си доаѓаат на свое место.




Големи се шансите да влезе во вашиот живот сродна душа, личност на која без страв ќе и ги откриете сите ваши најголеми тајни, да бидете пред него онакви какви што сте навистина, без да се преправате. Во нејзино друштво ќе се чувствувате како да можете се, да се справите со сите проблеми и неволји.
2. Скорпија
Оваа недела Универзумот ви носи убаво изненадување. Ќе сфатите дека еден од луѓето околу вас е вашата сродна душа. Нема да биде толку очигледно, но ќе имате добро чувство за таа личност, ќе ве обземе необична среќа.




За време на полна Месечина во Вага, вие и оваа личност ќе истражите нова страна од вашата веќе воспоставена врска. Дозволете си го тоа!
3. Стрелец
Секогаш кога има транзити, вие сте први во редот за да ги искористите сите придобивки што ги носи положбата на планетите. За време на полната Месечина во Вага, ќе се чувствувате двосмислено – сакате друштво, но не да губите време со луѓе кои не ве разбираат.




За среќа, розовата полна месечина ќе ве однесе директно до вистинската личност во вистинско време. Оваа личност е вашата сродна душа. Ја разбирате без зборови, знае како се чувствувате, дури и кога не и кажувате. Во неа имате се што ви е потребно.


