Наместо да купувате, направете сами чоколадни јајца за Велигден, без шеќер и транс масти и декорирајте ги по желба – еве го рецептот




Сите со нетрпение го очекуваат Велигден, еден од најголемите христијански празници со кој се слави нов живот. Јајцето, кое е симбол на раѓање и нов живот, е најголемиот симбол на овој празник.
Децата едвај чекаат да „украдат“ чоколадни јајца завиткани во сјајни хартии од корпите покрај тоа што ќе чукаат вистински варени јајца.




Затоа, ви ја пренесуваме идејата како да направите чоколадни јајца од здрави состојки, без додаден шеќер и транс масти. Веруваме дека целото ваше семејство ќе биде воодушевено!
Ќе ви биде потребно:




- 80 гр овесни снегулки
- 50 гр ореви
- 2 лажици мед
- 5 лажици путер од кикирики
- една рака брусница или некое друго захаросано овошје по желба
- 100 гр чоколада за готвење (може и обоена)
- шарени трошки за декорација
Начин на подготовка:




Во блендер сомелете ги овесните снегулки, јаткастите плодови и брусницата. Додадете една по една состојка и повторно добро измешајте. Ако е премногу густа смесата, додадете малку вода или млеко.
Од смесата обликувајте топчиња, а потоа издолжени форми во облик на јајце и оставете малку да се стегнат во фрижидер. По еден час извадете ги и потопете ги во растопената чоколада.




Ставете ги на решетката да се исцеди вишокот чоколадо и јајцето да биде убаво покриено од сите страни. Посипете со трошки, или посипете со растопено чоколадо кое претходно сте го ставиле во дресинг кеса.


