Досега сме слушнале многу совети кои помагаат во перењето на облеката, но овој дефинитивно ќе го примените.




Сите веќе знаеме дека сода бикарбона е идеално решение доколку сакаме да ги избелиме алиштата. Уште подобар ефект е ако додадеме малку јаболков оцет.
Неодамна слушнавме дека чудесниот ловоров лист може да ја врати првобитната боја на обоената облека, особено ако се работи за посветла гардероба. Но, најнова вест е дека во барабанот на машината за перење алишта е неопходно да се стави половина шака зрна црн пипер, од генијална причина.




Вашата омилена црна облека ја изгубила својата интензивна црна боја поради честото носење и редовното перење, а една од причините е што на неа остануваат траги од детергент. Биберот во зрното ќе го реши тоа, велат експертите.
Црниот пипер не само што е вистинско богатство за здравјето бидејќи го поттикнува апетитот, го штити здравјето на непцата и го подобрува варењето, туку ја подобрува и вашата дотраена гардероба.




На темната облека можете да и ја вратите интензивна боја и ако истурете четвртина шолја силен чај или кафе во комората за перење. Гардеробата ќе изгледа како нова.


