Оваа тинктура е дар од Бога…




Гавезот е ретка билка која е многу лековита. Во народната медицина најчесто се користи за фрактури на коските, за ублажување на ревматски болки, болки во зглобовите и коските.
Од античко време до денес, многу луѓе биле сведоци на исцелителната моќ на растението гавез.




Латинското име на гавезот е Symphytum officinale, а во народот е познат и како црн гавез, килњак, коњско опавче, крупен гавез, корен за скршена нога, габеж, опашица, сватовци, вела консолида, волски јазик.
Ова растение има многу долга и разновидна историја на употреба. Поради неговите лековити својства, луѓето верувале дека потекнува од рајската градина.




Кога се нанесува надворешно, може да се користи во форма на облоги, масти и гелови. Се користи и како тинктура и чај. Најчесто се користи коренот на растението, но се користат и листовите.
Најдовме стар руски народен рецепт за тинктура против болки предизвикани од ревматизам. За да го смирите ревматизмот, остеоартритисот, болките во грбот, направете го следново:




Во пластично шише ставете 100 гр корен од гавез во 700 мл алкохол и ставете го хоризонтално да „одстои“ на темно место 14 дена. Протресувајте секој трет ден. По 14 дена, се цеди и се чува во темно стаклено шише на ладно место.
Нанесете ја оваа тинктура на погодената област 3 пати на ден. Хомеопатите тврдат дека нема човек на кој не му помогнала оваа тинктура!




Напомена: Чистиот алкохол наместо ракија дава тинктура без мирис, додека гавезот со ракија мириса многу непријатно. Имајте на ум дека оваа тинктура е многу леплива.
Тинктурата е исклучиво за надворешна употреба. Консултирајте се со лекар пред секоја употреба.






