Дојде времето на настинки и вируси.




Сите кашлаат и рчат, а многумина одат и на боледување. Кога ќе влезете во аптека, од полиците ве чекаат безброј сирупи за кашлица, кои воопшто не се евтини.
За среќа, постојат повеќе природни и поевтини алтернативи кои навистина функционираат. Еден таков е шербет од млеко и карамелизиран шеќер, кој сите добро го знаат, бидејќи нашите баби и мајки со задоволство го подготвуваат кога сме болни и имаме кашлица.
Рецепт за шербет
Состојки:




- 3 лажички шеќер
- 2 dl млеко
- 5 г путер
Подготовка:
Во мал сад или гезве сипете шеќер и ставете на умерено силен оган да се карамелизира. Внимавајте да не изгори карамелата.
Растопената карамела прелијте ја со млеко. Карамелот ќе се кристализира и стврдне.
Се оставаат на оган и додека се меша се чека да зоврие шербетот.




Кога карамелот ќе се стопи во млекото, додадете го путерот, промешајте и истурете во шолја малку да се излади. Пијте топло.


