Има алишта кои за да се сочуваат мора да се перат на пониска температура, а тоа со себе носи прашање дали таквото перење има смисла.




Перењето на пониска температура несомнено ќе го продолжи животниот век на облеката, а исто така е и еколошки и финансиски поприфатливо. Сепак, како тоа влијае на бактериите кои остануваат на облеката?
Според научниците, облеката што се пере на температура од 30 и 40 степени, и уште и пониска, претставува ризик по здравјето бидејќи таквото перење ги одржува бактериите во живот. На пример, ешерихија коли може да преживее додека не ја измиете на температура повисока од 37 степени!
Затоа, се препорачува сите алишта чие перење е дозволено на температура повисока од 40 степени да се перат најмалку на 60 степени за да се увериме дека бактериите кои нормално живеат на кожата и со кои облеката доаѓа во контакт се уништуваат.




Сепак, треба да се има предвид дека перењето на 60 степени не е гаранција дека ќе ги отстраните сите закани, бидејќи одредени соеви се отпорни дури и на оваа температура.
Експертите, сепак, велат дека додавањето детергент со белило може да помогне, па перењето на температура од 40 степени може да биде исто толку ефикасно како и на 60!


