Ќе ослабнете
Јајцата заситуваат и затоа се супер соодветни ако сакате да изгубите тежина. Тие се богати со хранливи материи и имаат малку калории (нешто помалку од 200). Ако јадете две варени јајца за појадок, ќе јадете многу помалку храна во текот на денот.




Коските ќе ви бидат поздрави
Јајцата содржат многу витамин Д и калциум – кои се исклучително важни за јачината на коските. Жените се особено склони кон остеопороза и важно е да ги одржуваме коските здрави.
Ќе добиете мускулна маса
Јајцата содржат протеини кои се важни за мускулите. Во многу диети има совети да ги отфрлите жолчките и да јадете само белки, но треба да знаете дека половина од протеините всушност се содржат во жолчката.




Ќе гледате подобро
Лутеинот и зеаксантинот се моќни каротеноиди кои го подобруваат видот. Тие ги штитат вашите очи од штетните сончеви зраци и го намалуваат ризикот од перде на очите за 50%.






