Здравата, чиста и сјајна кожа е најубавиот додаток што може да не натера не само да изгледаме, туку и да се чувствуваме добро! Како да го постигнете тоа?
Работа, сакање на самите себеси и истрајност. И, се разбира, не е важно само со каква козметика го разубавуваме нашето тело, туку и со она што го храниме. Еве што да јадете за да ја одржите кожата млада и свежа:
Ореви
Оревите имаат најголема антиоксидантна моќ од сите јатки и се одличен извор на омега-3 масти. Ова ги прави идеални во борбата против воспалението на кожата. Оревите се грижат за добрата цревна флора, која е од големо значење за здравјето на нашата кожа.
Грозје
Грозјето содржи ресвератрол, антиоксиданс кој го подобрува здравјето на срцето, но исто така го штити колагенот од слободните радикали. Ова ја штити еластичноста на кожата и ја одржува сјајна и витална подолго време.
Лубеница
Лубеницата има витамини А, Ц и Е, како и моќни антиоксиданси како што е ликопен, што ја прави најдобрата храна за млада кожа. Лубеницата содржи 92 проценти вода и е идеална за одржување на добра хидратација, што ќе ја направи вашата кожа сјајна и полна со живот.
Зачини
Излезе дека полицата за зачини е следното место каде да најдеме производи против стареење. Некои зачини како оригано, цимет и каранфилче содржат липоична киселина – соединение кое делува како моќен антиоксиданс. Го поддржува производството на антиоксиданси во телото и ги отстранува тешките метали одговорни за оксидативниот стрес. Куркумата го спречува воспалението и помага против депресија.
Јагоди, малини, капини и боровинки
Овошјето игра важна улога во одржувањето на кожата млада и витална. Тие се полни со витамин Ц, кој е вообичаена состојка во производите против стареење на кожата, и антиоксиданси, кои се борат со слободните радикали кои влијаат на побрзото стареење на кожата.
Темно чоколадо
Зрната какао, главната состојка во темното чоколадо, се полни со антиоксиданси кои можат да го намалат воспалението предизвикано од ултравиолетовите зраци, да ја зголемат циркулацијата на крвта и да и помогнат на вашата кожа да ја задржи влагата. Темното чоколадо е богато со магнезиум, кој го намалува стресот и го подобрува времетраењето и квалитетот на спиењето, кое игра важна улога во стареењето на кожата.
Калинка и малини
Калинките и малините се полни со елегична киселина, а ова соединение може да спречи појава на брчки. Според една студија, таа се справува со разградувањето на колагенот, како и некои воспаленија предизвикани од УВ зраци. На овој начин, елегичната киселина ја штити кожата и таа останува млада подолго време.


