Во зима, стапалата обично се занемаруваат, но доколку го користите овој трик, ќе го дочекате летото со потполно мазни и негувани стапала.




Ако немате време и волја во зимата да се посветите на стапалата, постои трик со банана што ќе направи чуда за вашите стапала.
Амино киселините и витамините од бананата во нејзината кора ќе ја направат сувата и испукана кожа на стапалата повторно мека и мазна.




КАКО ДА НАПРАВИТЕ МАСКА ЗА СТАПАЛА ОД БАНАНА
Измијте ги стапалата и потоа добро истријте ги со внатрешноста на кората од банана и оставете да отстои неколку минути. Кората ќе успее да ја омекне и негува кожата на стапалата, а потоа исплакнете ги со млака вода.




За дополнителен ефект на мазни стапала, можете, откако ќе ги истриете со кората од банана, да ги чувате во сад со топла вода во која е промешан малку прашок за пециво.
После тоа, исушете ги стапалата, добро намачкајте ги со дебел слој крем и облечете дебели чорапи. Ако редовно го правите овој едноставен третман цела зима, во пролетта ќе ве пречекаат нозе целосно подготвени за сезоната на влечки и сандали.






