И покрај потенцијалните опасности од миењето пилешко, навистина нема причина за таква практика. Многу луѓе го мијат пилешкото темелно со вода пред да го испечат, верувајќи дека на тој начин ги отстрануваат бактериите од месото.




Сепак, тоа не е добро бидејќи бактериите се шират само низ мијалникот и кујнските елементи, а можат да завршат и на облеката. Експертите велат дека единствениот вистински начин за целосно уништување на бактериите е месото да се пече на правилни температури.
Повеќето луѓе кои го мијат пилешкото мислат дека на тој начин ги отстрануваат бактериите од него. Иако тие се во право кога претпоставуваат дека сировото пилешко често е заразено со бактерии како што се Campylobacter или Salmonella, миењето со вода не помага против тоа.
И професионалците не се согласуваат
Напротив, таквата практика уште го влошува проблемот, бидејќи водата може да шири бактерии околу мијалникот, на кујнските елементи, па дури и на вашата облека.




Центарот за контрола и превенција на болести тврди дека единствениот безбеден начин за елиминирање на бактериите е да се готви пилешкото на соодветна температура, а овие правила важат и за другите видови месо и риба.
Минималната температура за готвење на пилешкото треба да биде 165 степени. Дури и професионалните готвачи се поделени по ова прашање.
Славната Џулија Чајлд беше непоколеблив поддржувач на миењето пилешко, додека Ина Гартен неодамна потврди дека нема потреба од тоа. Кој е во право?




Од друга страна, Гартен има наука која го поддржува нејзиниот став и покрај потенцијалните опасности од миењето на пилешкото, навистина нема причина за таква практика, освен можно робување на долгогодишните навики.
Ако и по ова останете лојални на миењето на пилешкото, погрижете се барем правилно да ги дезинфицирате сите површини со кои прскањето можеби дошло во контакт, за да спречите масовно загадување.


