Како ја сушите косата? Дали ја оставате да се исуши природно или користите фен?




Вечната дилема кога е косата во прашање е правилното сушење – некои мислат дека фенот ја оштетува косата поради температурата, а други не чекаат ниту минута пред да го вклучат фенот.
Меѓутоа, една фризерка решила да ја отстрани дилемата, па на интернет споделила интересни факти за природно сушење на косата, за кое тврди дека е поштетно од фен.
Додека се влажни, врвовите на косата многу полесно се кршат, особено ако ви треба многу време за сушење – за тоа време голем дел од врвовите пукаат.




Препораката на фризерката е да почекате косата да се исуши 70 до 80 проценти, а потоа да нанесете средство за заштита од топлина и целосно да ја исушите со фен.
Исто така, после миењето користете крпа од микрофибер бидејќи ќе впие голема количина на вода и на некој начин ќе ви ја исуши косата.
Многу корисници на социјалната мрежа TikTok беа збунети бидејќи беа убедени дека и најмала количина на топлина и штети на косата, но ќе ги слушаат нејзините совети.
@neri_ja Which one do you prefer air-drying or blow-drying? #eyeslipsface #hair #hairtok #hairtips #blowdrying






