Домашен сок за убавина и здравје од само 4 состојки по рецепт на актерката Селма Хајек! Актерката Селма Хајек многумина ја сакаа во филмот „Фрида“ во кој ја толкува улогата на Фрида Кало, една од најавтентичните уметници.




Селма Хајек често ја промовира природната убавина, па во едно интервју изјавила: “Не сакам да го трошам она што ми остана од младоста глумејќи се дека сум помлада и не уживам во животот.
Немам ботокс. Можеби подоцна ќе се предомислам. Но засега сум задоволна што имам педесет години. Удобно ми е во својата кожа“.




Познато е дека актерката на социјалните мрежи често објавува фотографии без шминка, во природно и опуштено издание, а неодамна истакна дека не ја бојадисува косата, туку само кога тоа го бара некоја улога.
„Не ја фарбам косата затоа што сум љубопитна да видам како ќе изгледам со седа коса. Сигурна сум дека ќе ми кажат „извини, ќе мора да се фарбаш“ во следниот филм, но јас уживам додека ги гледам како расте вака“.




Актерката со своите придружнички споделила рецепт за домашен сок за убавина од само 4 состојки кои ги консумира секое утро. Тоа ѝ дава дополнителна енергија, а позитивно влијае и на телото внатре и надвор. Еве за кои 4 супер здрави намирници станува збор:
1. Портокал – Актерката користи свежи портокали како извор на витамин Ц бидејќи го поддржуваат имунолошкиот систем, варењето и имаат антиинфламаторно дејство. Исто така, витаминот Ц поволно делува на кожата и е исклучително важен за младоста.




2. Куркума – Салма Хајек додава свежо изрендана куркума на исцедениот портокал. Можете да го изрендате или да го измешате со други состојки во блендер. Куркумата е сè попопуларен зачин, но со причина – има антибактериско дејство и го потиснува воспалението во организмот.
3. Црн пипер – Со цел телото побрзо да ја апсорбира куркумата, актерката во сокот за убавина додава прстофат црн пипер, кој го забрзува метаболизмот.




4. Кучешки трн – Ова растение е полно со витамин Ц (15 пати повеќе од портокалите) и витамин Б12. Содржи и многу колаген, кој има регенеративно дејство за кожата, косата и ноктите и го поттикнува телото да произведува повеќе колаген. Во сокот можете да истурете неколку капки масло од ова растение за убавина и здравје.
Кога ќе ги измешате сите состојки, добро измешајте и можете да додадете малку вода доколку сакате да се разреди. За дополнителен вкус, додадете една лажичка мед.


