Додека не ја дознаете вистинската причина за опаѓање на косата, направете тревна тинктура.




Доколку имате проблеми со зголемено опаѓање на косата, тоа може да укажува на многу фактори – стрес, наследни фактори, возраст, хормонална нерамнотежа, автоимуни болести, земање одредени лекови…
Се додека не отидете на лекар и не дознаете која е вистинската причина, вие може да побара помош во природата, која има решенија за многу болести. Направете сами тинктура за коса која ќе ја втриете во скалпот 2-3 пати неделно.




Еве што е потребно:
- 3 лажици цветови од камилица
- 3 лажици сечкан ловоров лист
- 100 ml вода
Подготовка:




Листовите од ловоровиот лист и цветовите од камилица прелијте ги со врела вода. Потоа оставете ја смесата од чајот да отстои три часа. Процедете, па земете парче памучна вата или газа, натопете го во смесата и изобилно втријте во коренот на косата. Не плакнете.
Ако не можете а да не ја измиете косата, тогаш нанесете ја тинктурата на косата порано во текот на денот, а потоа оставете ја да делува неколку часа, а потоа измијте ја навечер. Тинктурата се препорачува да се трие 2-3 пати неделно.




Благодарение на моќните состојки на овие растенија, вашата коса ќе добие здрав и природен сјај, ќе го запре понатамошното губење и ќе почне да расте нова, посилна и погуста коса.


