Еве која мешавина од чај може да ви помогне и да ги ублажи непријатните симптоми на ПМС




Многу жени страдаат од ПМС, односно предменструален синдром. Тоа не е болест, туку хормонална состојба.
Хормонската нерамнотежа влијае на појавата на одредени симптоми кои се индивидуални, а најчесто вклучуваат промени во расположението, раздразливост, грчеви во стомакот, надуеност, летаргија, замор, проблеми со спиењето, главоболки …




Проблемите со ПМС може да варираат од месец до месец, но и во текот на животот. Некои жени имаат поизразени симптоми со возраста, додека други ги сметаат за поблаги.
Тие може да се појават во средината на менструалниот циклус или неколку дена пред мeнструaлнотo крвaрeњe. Доколку страдате и од ПМС, обидете се редовно да пиете смирувачки чај од мешавина од лековити билки кои ќе ви помогнат да постигнете хормонална рамнотежа.




Можете да го пиете неколку дена пред циклус или секојдневно, како превентивен третман. Сепак, се препорачува да се консултирате со вашиот лекар пред употреба, особено ако се обидувате да забремените или доите.
Потребни состојки:




- 1/3 чаша цветови од црвена детелина
- 1/3 чаша листови од малина
- 1 стапче корен од сладич, искршен на неколку делови или 1 кесичка чај од сладич
- 1/3 чаша корен од глуварче
- 1 лажица рендан ѓумбир




Наполнете го бокалот со билки, а потоа истурете вода што е провриена, промешајте и оставете го покриено половина час. Процедете и пијте по потреба или секојдневно.


