Рецепт за напиток на Џенифер Лопез за забрзување на метаболизмот – пијте го наутро и позитивно ќе влијае на здравјето на целиот организам!




Пејачката Џенифер Лопез има 52 години, а нејзината фигура и состојба покажуваат дека постојано вежба. Исхраната и е урамнотежена, има 3 главни оброци и две ужинки, а на социјалните мрежи постојано го открива рецептот за пијалок кој го пие секое утро, а кој и го забрзува метаболизмот.
Главните ѕвезди на овој пијалок се бобинките – боровинки и малини. Боровинките се нискокалорични, но богати со хранливи материи. Богати се со витамини Ц и К, содржат манган и се полни со антиоксиданси кои припаѓаат на семејството на полифеноли, наречени флавоноиди.




Поради големото присуство на антиоксиданси, боровинките се сметаат за овошје кое го зајакнува организмот, го чува здравјето и штити од болести.
Малините се и моќни антиоксиданси, содржат витамини Ц, Б, Е и К – ги чистат крвните садови, ја одржуваат слабоста, го намалуваат нивото на шеќер во крвта и го зајакнуваат имунитетот.




Ако не е сезона на бобинки, секогаш можете да купите замрзнати малини и боровинки и да направите вкусен пијалок по рецептот на Џенифер Лопез за да го забрзате вашиот метаболизам. Еве го рецептот:
Состојки:




- 1 шолја боровинки
- 1 шолја малини
- 1 чаша грчки јогурт
- 1 дозерка протеин со вкус на ванила (малку екстракт од ванила како замена)
- 1 лажичка цимет
- 2 лажички мед
- 1 лажица свежо исцеден сок од лимон
- 1/2 чаша коцки мраз




Подготовка: Сите состојки изматете ги во блендер, матете додека не добиете еднолична каша. Од оваа мерка се добиваат 4 порции вкусен смути пијалок.
Напитокот е навистина вкусен, кремаст и освежителен, а позитивно ќе влијае и на вашето здравје.






