Како да ги користите стебленцата од јагоди за здравје – позитивно делуваат на организмот, се користат за убавина на кожата и косата!




Јагодите се омилено овошје на многумина, имаат сладок вкус, идеални се за подготовка на разни десерти и симболизираат љубов. Кога чистите јагоди, веројатно фрлате зелени стебленца.
Сепак, многу стручњаци од народната и природната медицина истакнуваат дека стебленцата од јагоди може да имаат различни придобивки за здравјето и убавината.
Стебленцата од јагоди се богати со големо количество на витамин Ц.




Од нив се прават чаеви кои делуваат против стрес, замор, лошо расположение и позитивно влијаат на здравјето на бубрезите. Исто така, стебленцата од јагоди се користат како природно средство за зачувување на младоста.
Кога ќе се измешаат, може да се користат како маска против брчки на лицето и вратот. Листовите од јагоди се погодни и за нега на коса. На регулација на шеќерот во крвта позитивно делуваат и стебленцата од јагоди, но важно е да се користат само јагоди од органско потекло.




Како да направите чај од органски стебленца од јагоди:
Во 300 мл зовриена вода ставете една лажица измиени и исечкани стебленца и оставете да отстои 20 минути. Потоа се цеди и се остава да се излади. Се препорачува да се пие по една шолја два пати на ден.






