Во кинеската традиционална медицина, неколку растенија се особено ценети поради нивните лековити својства, а се верува дека ветуваат долговечност. Еве кои се овие растенија.




Со векови растенијата се на прво место како лек, но и како моќно средство за превенција. Во кинеската традиционална медицина, доброто здравје (а со тоа и долговечноста) е поврзано со хармонија, рамнотежа помеѓу јин и јанг.
Еден начин да го постигнете тоа е да користите билки. Еве неколку растенија кои се особено ценети на Исток:




1. Жен шен
Познат и како „крал на растенијата“, жен шенот е супстанца која му помага на телото да се справи со стресот, ја зголемува издржливоста, одржува рамнотежа во телото и помага во спречување на процесот на стареење.
Има и антиинфламаторно дејство и на тој начин го спречува развојот на хронични болести кои можат да влијаат на долговечноста. Исто така се смета дека ја подобрува функцијата на мозокот. Женшен може да се користи во форма на сок и чај, како и преку суплементи.




2. Хуанг Чи
Исто така наречено кликавче, ова растение е многу моќна заштита на имунолошкиот систем. Во Кина, традиционално се користи како помош во лекувањето на разни болести и нарушувања.
Овие болести вклучуваат дијабетес, срцева дисфункција и проблеми со бубрезите. Сувиот корен од кликавче може да се додаде во супи или чорби.




3. Линг жи
Оваа печурка се нарекува и реиши и се користи со векови на истокот, пред се во Кина и Јапонија. Во превод, името на оваа печурка значи бесмртност. Според истражувањата има бројни лековити и терапевтски својства кои влијаат на долговечноста.
Ја зголемува енергијата и виталноста, го намалува нивото на шеќер во крвта, ја подобрува меморијата и исто така е добра за зајакнување на имунитетот. Во шолја врела вода додадете го прашокот од линг жи и испијте го како чај.




4. Гоџи бобинки
По потекло од северозападниот дел на Кина, сувите гоџи бобинки имаат безброј здравствени придобивки. Меѓу другото, тие се моќна алатка во борбата против стареењето и за зајакнување на имунитетот.
Нивните моќни антиоксидантни својства помагаат во елиминирање на слободните радикали и исто така се борат со воспалението. Тие играат важна улога и во зајакнувањето на имунитетот на организмот.




Содржат високо ниво на калциум и витамин Б, кои делуваат превентивно против Алцхајмерова болест. Гоџи бобинките може да се јадат сурови или сушени. Од сушените можете да направите чај или да ги ставите во мусли, смути …


