Бозата е природен, здрав и оживувачки пијалок полн со витамини.




Бозата потекнува од Турција, од времето на Отоманската империја, а се верувало дека овој пијалок, стар повеќе од илјада години, му носи сила на телото.
Денес, малку подзаборавена кај нас, бозата е популарна низ балканските земји. Исклучително е здрава, и го зајакнува имунитетот. Бозата е богата со витамини а, б и е, како и со железо.




Содржи и голем број на корисни бактерии, па особено е добра за спортистите, трудниците, мајките … Рецептот за боза е едноставен и можете да го подготвите дома.
Потребно е:
- 500 грама непросеано пченкарно брашно
- 5 литри млака вода
- 20 грама квасец
- 500 грама шеќер




Подготовка:
Во поголема шерпа ставете го пченкарното брашно, додадете 5 литри вода и оставете да преноќи.
Наутро ставете го садот на шпорет и варете два часа со повремено мешање. Тргнете го садот од шпоретот и оставете да отстои неколку часа.




После тоа во смесата измешајте го квасецот измешан со малку млака вода и оставете го да „преноќи“ до следниот ден. Следниот ден процедете ја течноста низ газа и додадете шеќер.





Напитокот изладете го и по желба украсете со мелен цимет. Бозата поради вриењето треба да се чува во фрижидер, а се предлага да ја направите количината за која сте сигурни дека ќе ја испиете.


