Дожд од ѕвезди кои паѓаат не очекува во ноќта меѓу 21 и 22 април – еве кога и како треба да замислите желба!




По неколкумесечна пауза, небото повторно би можело да блесне со посебен сјај поради дождот од ѕвезди кои паѓаат, кој максимумот ќе го достигне ноќта меѓу 21 и 22 април.
Метеорскиот дожд лирида почна на 15 април и ќе трае до 29, но вечерва по полноќ ќе биде видлив на небото.




Лиридите најдобро се гледаат во часовите пред зори, иако активноста оваа година би можела да биде малку намалена бидејќи Месечината ќе биде полна околу две третини. Овој дожд се смета за метеорски дожд со средна јачина.
Ви предлагаме вечерва да погледнете во небото и да замислите желба, да фантазирате за неа, да го визуелизирате остварувањето на таа желба во вашата глава, односно да ја оживеете.




Најдобро е да се оди во природа каде што небото е отворено, и каде нема многу улично светло и загадување. Во природа најрано ќе можете да уживате во ѕвездениот огномет.
Можете да организирате патување со партнер или пријатели во природа. Ако сепак останувате дома, доволно е да го набљудувате небото низ прозорецот, искрено да ја замислите желбата од срце и да верувате во чуда. Сè може да се постигне!






