Хороскопот открива како ретроградниот Јупитер ќе влијае на вас во следните 4 месеци – еве што ве очекува во љубовта, работата и финансиите од 28 јули до 24 ноември 2022 година!




Кога планетите одат ретроградни, односно наназад, генерално го поврзуваме со нешто негативно, особено кога ќе дојде периодот на ретрограден Меркур. Хороскопот посочува дека од вчера, 28 јули, започна ретроградниот Јупитер и ќе трае до 24 ноември.
Секоја година Јупитер влегува во ретроградна фаза, а во 2022 година следните четири месеци може да донесат фази на неуспех и разочарување. Во овој период можни се многу длабоки трансформации и очекуваме силна циркулација на информации.




Иако многу работи нема да бидат толку лесни, ние ќе учиме и ќе растеме од нив. Ретроградниот Јупитер носи можности за патување во странство, но и ги менува работите во личниот живот и приходите.
Кога ќе се поврзе со Лилит – црната месечина во Рак – Јупитер може да донесе или брак или одлука за паровите кои долго време имаат проблеми конечно да се разделат. Многумина кои неодамна излегле од брак или врска може да имаат среќа сега.




Јупитер во секстил со Месечината дава можност за формирање ново семејство и успешна заедница. Можни се некои нови љубови.
Сепак, подобро е да се одложи свадбата и прославата кога Јупитер оди директно, односно по 24 ноември, за да се избегнат тешкотии со документите. Во овој период внимавајте што потпишувате и внимавајте при трансакциите со пари.




Кога станува збор за работата, многумина ќе чекаат добри вести. Сите оние кои имаат лидерски и организациски вештини можат да профитираат. Сепак, Јупитер има склоност кон претерување, затоа внимавајте на лажната самодоверба и егоизмот.
Ретроградниот Јупитер во знакот Овен ќе ви овозможи да ја откриете сопствената судбина и можностите за нејзино спроведување. На полето на кариерата, претприемачите можат да надминат некои ограничувања и да го прошират бизнисот преку идеи, договори, соработка.




Тоа поволно ќе се одрази и на финансиите. Сè што неодамна сте започнале, а останало недовршено, сега треба да го завршите.
Ослободете се од товарот на минатото и гледајте во иднината со многу оптимизам и покрај сите препреки – ова може да ви го донесе успехот што го посакувате!






