Се чини дека Џен и Ричард се најмладите баба и дедо во светот. Џен Медла (34) и нејзиниот сопруг Ричард (35) од Англија се воодушевени затоа што имаат внука, а поради нивната возраст, многумина мислат дека таа всушност е нивна ќерка.




Џен родила ќерка на 17 години, а сега историјата се повторува. Нејзината ќерка Шармејн имала дете на 16 години.
Џен и Ричард се среќни затоа што се млади баба и дедои и истакнуваат дека луѓето секогаш мислат дека Исла е всушност нивното дете.
Кога излегуваме надвор, тие мислат дека таа е нашата ќерка. Кога ќе им објасниме дека всушност ние сме и баба и дедо, тие доживуваат апсолутен шок. Повеќето луѓе не веруваат кога им го кажуваме тоа, но ние ги разбираме затоа што имаме 30 -тина години.




Кога Шармајн ни кажа дека е бремена, бевме шокирани. Тоа беше виорот на емоции, но ние бевме среќни баба и дедо – рече Џени.
Откако и самата таа станала мајка кога била тинејџерка, немала подршка која во тоа време и била потребна многу.
Џени не сакала нејзината ќерка да го помине истиот живот како и таа, па одлучила да ја поддржи во се.




Знаев точно како ќе се чувствува мојата ќерка кога ми кажа дека е бремена. Но, јас и реков дека тоа е нејзиното тело и нејзина одлука и дека ќе ја подржам во секој случај.
Таа толку порасна откако роди дете. Таа е неверојатна мајка и мислам дека тоа ја зајакна врската помеѓу Шармајн и мене.
Мислам дека сега уште повеќе ме почитува како нејзината мајка. Живееме заедно под еден покрив, што е неверојатно.




Таа е заедно со таткото на бебето и заедно се скоро две години. Често се грижиме за Исла за да може Шармајн да се одмори. Мислам дека тоа не зближи уште повеќе – вели баба Џени.


