Нашата православна црква и нејзините верници денеска го слават Свети Евтихиј Цариградски




Кога бил мал си играл со другарите пишувајќи ги нивните имиња на карпата, а под тоа занимањето што ќе се занимаваат во животот. Кога дошол на ред, во една прилика, покрај своето име, го напишал и патријархот Евтихиј.
Во триесеттата година станал игумен на еден амасиски манастир. Кога наполнил 40 години, митрополитот Амасија го испратил на Петтиот вселенски собор и таму се покажал во најдобро светло, а од него совет побарал царот Јустинијан.




Сите го сакле поради добрината и делата што ги правел, па го поставиле за патријарх.
Се верува дека луѓето кои денес се пред важна одлука дефинитивно треба да одат во црква и да му се молат на овој светец кој ќе им помогне да донесат правилна одлука, со молитвата:




„Вистината на нештата те откри на твоето стадо како правило на верата, образец на кротост и учител на воздржаност. Затоа си стекнал високи почести со смирението и со сиромаштија богатство: Оче Евтихиј, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души“.


