Како да направите розови металик јајца за Велигден: истурете ја оваа намирница во бојата и ќе добиете прекрасни дезени (ВИДЕО)

Розеви металик јајца со сребрен сјај – едноставен дезен за јајца кој ќе ве воодушеви со крајниот резултат! Финтата е да истурите лажица од една намирница во бојата …

Доколку барате идеи секоја година пред Велигден затоа што сакате сосема поинаква празнична декорација, тогаш металик розовите јајца се совршен избор за вашата велигденска корпа.

Претходните години мермерните и омбре јајцата беа омилен избор на многу креативни дами, но оваа година познатата ТВ водителка и позната блогерка Марта Стјуарт си поигра со боите и направи нов тренд во бојадисувањето на велигденските јајца – метализирани јајца.

На прв поглед, правењето на оваа шема изгледа комплицирано, но трикот е во една магична храна.

Процесот на правење метализирани јајца започнува со премачкување на јајцата со алкохолен оцет. Главниот трик е да додадете една лажичка маслиново масло во бојата за јајца и да ја измешате со бојата, за да останат меурчиња од масло одозгора.

Јајцето ставете го во лажица и полека поминете го низ бојата. Меурчињата од масло ќе го заштитат јајцето од бојата и ќе добиете прекрасни дезени.

Оставете ги бојадисаните јајца да се исушат, а потоа користете чепчиња за уши за да ја премачкате розовата површина на јајцето со розев сјај во прав и постепено да го нанесувате сребрениот сјај на белата површина на јајцето.

Најдобар ефект ќе го добиете доколку користите бели јајца. Во видеото е прикажана процедурата за фарбање розови металик јајца, но веруваме дека истата постапка можете да ја повторите и со друга боја.

Погледнете го видеото!

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...