Великиот пост започна на 7 март и ќе трае до Велигден на 24 април 2022 година – еве едно правило кое не смееме да го заборавиме за време на постот!




Постот подразбира откажување од одредени намирници, лоши навики, пороци, се со цел прочистување на душата и телото.
Иако сме подготвени да се откажеме од одредена храна, важно е да се откажеме од лошите мисли, да ги избришеме негативните елементи од душата и да го отвориме срцето за добра енергија и љубов.




Периодот на постот нè потсетува дека секогаш треба да се стремиме кон емоционално исполнување преку вистинските вредности, а не преку материјалните работи кои моментално ја воодушевуваат душата и така срцето ни се залажува.
Ако постите, целта не е да бидете несреќни или да чувствувате недостаток на раскинување со некои работи од секојдневниот живот, како на пример вашата омилена масна храна.




Важно правило за време на постот е таквите одрекувања да ве прават среќни, бидејќи конечно сте подготвени да ја исчистите душата од непријатните чувства и црните мисли, а телото од штетните материи.
Радувајте се што сте посветени на спасението на својата душа, нејзиното исцелување и таа чиста енергија ќе ви го донесе чувството на мир по кое секој од нас копнее во брзото и напнато секојдневие.




Радувајте се што сте си ја отвориле душата да го сакате Бога и своите најблиски. Радувајте се што ќе влезете во нов животен циклус со чисто срце, поспремни за секој предизвик.
Радувај се зашто поради својата работа ве очекува милост и просветлување на душата.




Ова важно правило, кое често се заборава во постот, потсетува на зборовите на апостол Павле: „Секогаш радувајте се, молете се непрестајно, благодарете се за сè“.
Нека мирот и љубовта ви ја исполнат вашата душа!






