За да може цвеќето да биде здраво и бујно и да цвета во текот на целата сезона, потребна е соодветна грижа. Освен добро одбрано место и полевање, се подразбира и соодветно хранење – еве што сакаат мускатлите




Ретко може да се замисли куќа без раскошните бои на мускатлите кои ги красат терасите и балконите. Мускатлите се многу благодарно и отпорно растение. Го сакаат сонцето, а најдобри услови за раст и цветање се температурите од 10 до 30 степени и умереното наводнување.
Мускатлите не сакаат премногу вода, бидејќи може да дојде до гниење на коренот. Од време на време, мускатлите треба да се хранат за да се поттикне нивниот раст и цветање.




Тоа значи дека треба да се полеваат со течни ѓубрива кои содржат фосфор, азот, калиум и магнезиум. За оваа намена може да се користат и поевтини замени. Еден од нив е повидон јод, кој се користи во медицината за дезинфекција на рани.
Додадете само една капка повидон јод во литар вода. Убаво промешајте и потоа истурете преку работ на саксијата, никогаш преку листовите.




Направете го овој третман еднаш на секои две недели, не почесто, и ќе видите како мускатлите ќе станат побујни и пораскошни. Јодот ги неутрализира бактериите и габите и го поттикнува растот.
Друг трик од кујната е кората од банана – оставете ја во 1 литар вода да отстои преку ноќ и потоа со таа вода прелијте ги цветовите.




Како што витаминот Б е добар за растот и развојот на нашиот организам, така ќе бидат и вашите цвеќиња. Во 1 литар вода измешајте малку свеж пекарски квасец, заедно со една лажичка шеќер.
Оставете го растворот да отстои неколку часа, па повторно добро измешајте и прелијте ги со тоа мускатлите.




Покрај суплементацијата, потребна е внимателна грижа. Редовно отстранувајте ги пренадуваните гранки од мускатлите, така новите ќе растат побрзо.
Доколку не знаете да ги пресадите и да ги оставите мускатлите за следната сезона, погледнете го видеото подолу:




@aboutgarden Moltiplica ora il tuo geranio! #giardinaggio #geranio #pelargonium #terrazzo #geranium #faidate #talea
♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey


