Нашата православна црква денеска го одбележува споменот на Светиот маченик Јакинт.




Јакинт бил дворјанин на царот Трајан и таен христијанин. Еднаш, кога царот Трајан со сите дворјани свечено им принесувал жртви на идолите, Јакинт отсуствувал на оваа церемонија. Затоа бил обвинет и изведен на суд пред царот.
Царот го советувал да се одрече од Христа и да принесува жртви на идолите. Но Јакинт останал тврд како дијамант и му рекол на царот: „Јас сум христијанин, го почитувам Христа, Му се поклонувам и Му се принесувам како жива жртва“.




Претепан, плукан, изгребан, овој свет маченик ќе биде фрлен во зандана. Според царската наредба, тие не му дале ништо да јаде освен идолски жртви. Но, Јакинт не сакал да го јаде тоа и по 8 дена починал во занданата.
Според христијанската традиција, по неговата смрт, затворениците виделе два светли ангели во занданата. Едниот го покрил телото на маченикот со својата светла облека, а другиот му положил прекрасен венец на главата. Јакинт Кесариски умрел во 108 година.




Молитва
Твојот маченик, Господи, Јакинт, во страдањата прими непропадлив венец, од Тебе Боже наш, зашто имајќи ја Твојата помош ги победи мачителите и ја уништи немоќната дрскост на демоните: спаси ги нашите души со Неговите молитви.


