Како дома да направите напиток од комбуха – во голема тегла одгледувајте ја печурката која со векови се користи како лек!




Комбухата е пијалок кој се подготвува со создавање на истоимената чајна печурка, а со векови се користи во традиционалната јапонска медицина за лекување на разни заболувања.
Според легендата, комбухата ја пиеле воините на Џингис Кан затоа што овој еликсир им давал енергија, им го зајакнувал имунитетот и ги штител од болести. Овој ферментиран пијалок е полн со пробиотици, позитивно влијае на варењето, детоксикацијата и ја подобрува функцијата на цревата.




Исто така, позитивно влијае на имунитетот, го регулира нивото на шеќер во крвта, го успорува процесот на стареење, го намалува стресот…
Постојат комерцијални сорти на чај од комбуха, но најдобро е сами да одгледувате комбуха дома и да направите сосема природен пијалок, без адитиви и конзерванси.




Постојат неколку начини за подготовка. За традиционалната верзија ќе Ви треба чај, шеќер и јаболков оцет.
Истурете 1 лажица зелен или црн чај во 0,5 l вода и оставете го да се вари. Додадете една лажичка јаболков оцет и 100 гр шеќер. Сè измешајте и изладеното истурете го во тегла од 3 литри.




Теглата не е неопходно да се затвори со капак, доволно е да се врзе со парче газа. Теглата ставете ја на топло место, околу 23, 25 степени и темно место без изложување на сончева светлина.
Важно е да најдете добро место, бидејќи не треба да ја поместувате теглата. Во тегла од три литри, печурката ќе има доволно простор за слободно да расте.




Во првите 3 недели ќе забележите формирање на печурката, а таа ќе биде компактна дури после неколку месеци. По шест месеци, печурката ја достигнува потребната конзистентност.
Секој месец треба нежно да се мие со топла вода. Со помош на ваква печурка секој ден можете да подготвувате здрав напиток од чај. Чајот од комбуха можете да го пиете секој ден, но прво се препорачува да го консумирате на празен стомак.




Не смеете да консумирате повеќе од 3 шолји, а луѓето кои имаат стомачни проблеми, гастритис или чир, не треба да го консумираат овој напиток, поради чајот и оцетот кои можат да предизвикаат дополнителни проблеми.