Зимските подготовки се во полн ек, а повеќето домаќинки традиционално избираат да направат домашен ајвар.




Имаме решение за една од најтешките задачи при подготовка на ајвар. Иако за оваа работа е потребно и време и е скапа, нема ништо поубаво отколку кога членовите на семејството отвораат тегла домашен ајвар и уживаат во уникатниот вкус на печени пиперки пржени со лук, масло и оцет.
Но, кога треба да се подготви ајвар, малкумина се оние кои прво ќе и помогнат на домаќинката со печење пиперки, а особено кога печените пиперки треба да се излупат.




Отстранувањето на затемнетата кожа од пиперките може да биде здодевно и заморно, особено кога пиперките се со послаб квалитет и помалку месести.
За да не ви се случи ова, применете докажан трик за лесно и брзо чистење на пиперките откако ќе ги испечете на рингла. Ставете голема шерпа или вангла веднаш до шпоретот и подгответе ги најобичните пластични кеси.




Откако ги испечете пиперките на рингла, спуштајте ги една по една во кесите кои се во шерпа или ванга. Кога ќе ја наполните кесата со пиперки, врзете ја и оставете ја да отстои најмалку половина час, а идеално два часа.
Дополнително, можете да ставите голем капак над шерпата или ванглата, така што пиперките во вреќите во садот се уште подобро запарени. Одврзете ги кесите со пиперки и повлечете ја печената кожа од зеленчукот во неколку потези.




Лесно и едноставно ќе ги излупите пиперките, така што подготовката на ајварот и другите зимници со пиперки нема да ви биде тешка. Ако немате намера веднаш да ги излупите пиперките, можете да почекате да се изладат и да ги ставите во замрзнувач.
Кога ќе ги извадите од замрзнувачот во текот на есента или зимата, лесно ќе ја отстраните нивната затемнета кожа и ќе можете да направите салата од нив или да ги мелете и да направите ајвар, пинџур, лутеница …






