КОГА СТЕ ВОЗНЕМИРЕНИ И АНКСИОЗНИ, КАЖЕТЕ ГИ ОВИЕ ЗБОРОВИ: Моќни афирмации кои ќе Ви ја вратат смиреноста за неколку минути!

Афирмации за ублажување на анксиозноста – еве кои зборови треба да ги повторувате кога сте вознемирени!

Анксиозноста е најчестиот проблем со менталното здравје во современиот свет. Многу луѓе доживуваат анксиозност во одреден момент од нивниот живот, додека некои секојдневно се справуваат со напади на паника и други симптоми на анксиозност.

На површинско ниво, анксиозноста може да изгледа безопасна. Меѓутоа, ако не се контролира, може да го зголеми стресот и напнатоста, што може сериозно да влијае на вашата целокупна благосостојба.

Кога ќе се појават првите знаци на анксиозност, важно е да се консултирате со професионалец за ментално здравје, психолог и психотерапевт. Никогаш не ги игнорирајте симптомите, неопходно е да се грижите за вашето ментално здравје, тоа е предуслов за среќен и квалитетен живот.

Кај анксиозноста најчесто се присутни негативни мисли и чувство на страв, а за ублажување на симптомите можете да користите и позитивни афирмации.

Позитивните афирмации се мантри или фрази кои човекот си ги повторува за да поттикне позитивни мисли, да се мотивира и да се потсети на што се стреми.

Важно е тие да бидат дефинирани во сегашно време, за да ве освестат сега и овде, да бидат прецизно и јасно формулирани. Еве неколку афирмации кои можат да ви помогнат при анксиозност:

Сигурен сум, мирен и ништо не ми се заканува. Одлучувам секогаш да реагирам позитивно на сите ситуации. Моите минати искуства не можат да ме спречат да успеам во иднина.

Додека се опуштам и го забавувам дишењето, анксиозноста ме напушта. Нема пречка што не можам да ја надминам. Со секој здив што го издишувам, ја ослободувам напнатоста.

Секој ден се чувствувам се поопуштено и помирно. Сега сум добро бидејќи животот ми го сака најдоброто. Го сакам мојот живот; Имам контрола. Јас сум единствена. Јас сум сакана. Јас сум важна.

Седнете во удобна положба, пуштете смирувачка музика, правете вежби за дишење и повторувајте ги овие афирмации. Тие можат да ви помогнат да се смирите, да ја ублажите напнатоста и да промовирате внатрешен мир.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...