Притиснете ја оваа точка на вашето тело и заштитете се од стрес – техника на акупресура која помага кога сте нервозни, вознемирени и имате проблеми со несоница!




За жал, стресот стана дел од секојдневието на секој од нас. Доколку не знаеме да го канализираме, решиме и отфрлиме, тоа може да има последици по нашиот квалитет на живот и здравје.
Затоа треба постојано да бараме разни техники кои се пријатни за нашето битие, и ни помагаат да се справиме со стресот, напнатоста и можат да ни дадат смиреност и сила. Една таква техника доаѓа од традиционалната кинеска медицина и се нарекува акупресура.




Д-р Шери Аут од Њујорк, која активно се занимава со холистичка пракса, истакнува дека во нашето тело има точки чија што стимулација, односно притискање со прстите, влијае на нервниот систем и одбрана од стрес.
„Стимулацијата на акупунктурната точка испраќа порака до мозокот што ја менува хемијата на мозокот и му кажува на телото да реагира за да го постигне посакуваниот резултат.




Акупресурната точка поврзана со стресот може да го поттикне мозокот до пониски нивоа на кортизол, човечки стрес хормон, додека го зголемува допаминот и нивото на серотонин, нашите хормони на среќата. – објаснува докторката.
Постојат стотици акупунктурни точки на нашето тело кои имаат различни здравствени придобивки, а и повеќето од нив ви помагаат да се справите со стресот. Една од точките против стрес се наоѓа на рачниот зглоб и помага да се намалат непријатните симптоми на анксиозност и полесно да се заспие.




Се наоѓа на внатрешната страна на подлактицата помеѓу две тетиви, неколку сантиметри над зглобот. Кога ќе ја најдете, притиснете на точката со палецот и вдишете.
Движете го палецот со кружни движења околу десет пати и вдишете длабоко. Стимулирајте ја точката со движење на палецот во спротивна насока. Во видеото подолу погледнете како да ја стимулирате оваа точка и да го намалите стресот за 1 минута.






