Чајот од свила од пченка е неверојатен за здравјето – еве како се приготвува и кај кои болести помага!




Варената или печената пченка е омилена летна закуска. Без разлика дали сте на плажа, дома, на патување, слаткиот вкус и неодоливото гризење пченка не враќа во детството, но и не тера да внесуваме голема доза на витамини, минерали и растителни влакна.
Меѓутоа, често забораваме на еден дел од пченката кој уште од античко време се користел како природен народен лек – а тоа е пченкарната свила. Содржи масла од катран, флавоноиди, сапонини, алкалоиди, витамини Ц и К, железо, манган, алуминиум, хром итн.




Таа е природен диуретик и се користи во народната медицина за детоксикација на организмот, исфрлање на вишокот течности од телото, како и исфрлање на камења и песок од бубрезите и мочниот меур.
Нејзиното лековито својство помага и при гихт, ревматоиден артритис, се користи против камења во жолчката, ги чисти уринарните канали.




Со конзумирање на чај од пченкарна свила ќе ја исфрлите целата вишок течност од телото, а со тоа преку урината ќе го ослободите организмот од токсините, хемикалиите и несаканите соединенија.
Важно е да користите органска пченкарна свила во процесот на лекување, односно онаа што не била третирана со пестициди. Можете да ја купите и во продавниците за здрава храна и аптеките за билки, а најдобар начин да ја користите е преку чај.




Како се прави чај од пченкарна свила? Една кафена лажичка пченкарна свила прелијте ја со шолја (200 мл) ладна вода и загрејте додека не зоврие. Покријте го садот и оставете го да отстои 10 минути.
Процедете и пијте шолја незасладен чај три пати на ден. Напомена: Пред употреба на природни лекови, најдобро е да се консултирате со лекар!






