За сите кои страдаат од пушачка кашлица, оваа мешавина со куркума е спас.




Куркумата е благотворно растение чиј прав поволно делува на различни воспалителни процеси во организмот, а има и антибактериско и антивирусно дејство. Се додава на многу други природни лекови, вклучително и пијалок за чистење на белите дробови.
Оваа смеса особено им се препорачува на пушачите кои искашлуаат шлајм. Секако, најдобро би било да се откажете од пушењето што е можно поскоро.




Меѓутоа, доколку веќе сте излегле од фазата на сува кашлица и почнал да ве мачи пушачкиот шлајм, подгответе го следниот напиток. Истурете литар вода во тенџере и додадете 400 гр кафеав шеќер.
Кога ќе зоврие додадете 400 гр исечкан кромид и оставете да се вари на тивко. Додадете 2 лажички куркума и 2 лажички рендан ѓумбир и варете половина покриено додека не изврие на половина.




Оставете да се излади, па истурете во тегла и чувајте го добро затворено во фрижидер. Оваа смеса треба да се зема два пати на ден, по две лажици, по можност наутро и навечер.
Кашлицата кај пушачот може да се препознае по тоа што обично е најсилна наутро, а постепено се смирува во текот на денот. Ако вашите симптоми не се совпаѓаат со овој опис, а кашлате повеќе од неколку дена, задолжително посетете лекар за преглед.






