Како оваа млада Месечина ќе се одрази на знаците на хороскопот? Младата месечина во Скорпија започнува на 4 ноември 2021 година и бара целосна трансформација од сите нас.




Самата скорпија е знак на трансформација како птицата феникс. Нејзините трансформации се длабоки и силни.
Сега е мудро да навлеземе длабоко во душата и да се слушаме себеси одвнатре. Оваа млада Месечина е во 12 степен на Скорпија, што аналогно одговара на степенот на Риби и ќе биде во аспект со Уран од Бик.
Што ни кажува тоа?
Тоа ни кажува дека влијанието врз сите нас ќе биде донекаде исто, а сепак малку поинакво.




Еден дел од нас ќе има брза и силна трансформација – излегува од својата подвиткана зона, додека други ќе се изненадат себеси и околината со својата деструктивна сила, како и со брзата и остра промена на самите себе!
Заедничко ни е тоа што сите ја напуштаме нашата комфорна зона и сите стануваме брутални во менувањето на себеси. Тоа се оние длабоки емоции, ставови, погледи на животот и околностите кои само ние како поединци ги знаеме, а не се видливи за околината.
Нашите темни мисли и емоции. Сега некој што имал емоционални блокади повеќе ќе нема, оној што имал стравови повеќе ќе ги нема итн. Како оваа млада месечина во Скорпија ќе влијае на вашиот знак/подзнак?




ОВЕН
Кај вас, промените се случуваат во форма на ослободување на некои стари обрасци. Сега ја чувствувате токму таа моќна енергија што е силна и која ве турка напред.
Кревате раце од „млаки“ работи. Се впуштате во нови освојувања за кои знаете дека не се лесни, но немате страв и одите напред.
БИК
Во вашиот случај, промената се случува кога работата / претпоставениот е во прашање и во љубовта, односно односот со партнерот.




Кога станува збор за работата, гласно и остро ги покажувате „забите“, а кога станува збор за партнерот, јасно и гласно кажувате што ви пречи.
Ако сте во врска која не е законски дефинирана, сега непромислено потпишувате брак… размислете дали сте 100% сигурни во тоа, бидејќи не е во вашата природа нагло да носите одлуки.
БЛИЗНАЦИ
Имате промени кога е работата во прашање. Ги отпуштате старите работи и влегувате во нови кои исто така се неизвесни, но енергијата ве турка напред и сакате да го фатите тој бран. Ѕвездите ве поддржуваат за се, но само внимавајте на комуникацијата бидејќи Меркур е во Скорпија.






