Влагата во куќата е најнепријатното нешто и сигурно никој не ја сака во својот убаво уреден стан.




Се појавува влага во бањата, во плакарите, во кујната и мораме да направиме нешто околу тоа, нели?
Тајната на спасението се крие во оризот, бидејќи има „магична“ способност да ја апсорбира влагата. Значи, она што ќе го направите е да наполните сад со ориз и да го ставите на места со влага.




А бидејќи може малку естетски да ви пречи, најдете начини како оризот во сад да биде дел од декорацијата. Погрижете се садот што ќе го наполните со ориз да одговара на стилот и внатрешноста на вашата куќа.
Изберете чинии во прекрасни бои и искористете го овој трик во ваша корист. Направете убаво украсно катче со додатоци … и ориз.






