Портокалот има многу намени. Есента е вистинско време за цитрус, а портокалите дефинитивно се на врвот на листата.




Портокалот е повеќенаменска храна за здравје, а освен тоа има голем број на примени во домот.
Кора од портокал
Кога јадеме портокал, кората од него обично ја фрламе, но всушност кората има широка примена во домот.




Белење на заби
Кората од портокал содржи природно соединение наречено лимонска киселина, кое често е дел од пастата за заби. Самата кора може да ни помогне да ги направиме забите побели.
Направете природно средство за чистење




Правењето природно домашно средство за чистење со кора од портокал е лесен начин за намалување на отпадот додека заштедувате пари. Доволно е да измешате алкохолен оцет и да додадете кора од портокал, пишува Bright Side.


