Молете се, дури и ако не верувате во Бог: Еве зошто е добро да го правите тоа!

Човекот кој верува во Бога и се моли бара од него сила за да може да ги преживее тешкотиите, бара од него водство, мудрост. Но, постои уште еден аспект на молитвата.

Постојат два вида на молитва:

1. Најпрво има човек кој верува во Бог и се моли. Тој бара од Бога сила за да може да ги преживее тешкотиите, бара од Бога водство, мудрост. Една од најдобрите молитви што многумина најмногу ја сакаат е Молитвата за мир:

– „Боже, дај ми мир да прифатам работи што не можам да ги променам, храброст да ги променам работите што можам и мудрост да ја препознаам разликата“.

Затоа што толку многу страдања доаѓаат од кога луѓето сакаат да го променат она што е непроменливо. И немаат сила да го променат она што може да се промени. Тоа е убава молитва.

2. Постои уште еден аспект на молитвата. Има една многу интересна приказна за атеист кој сакал да се ослободи од алкохолизмот. Во групата за лекување алкохолизам му било кажано дека ако сака да се опорави, мора да се моли секој ден.

Тој рекол: „Не верувам во молитва. Не верувам во Бога“.
Тие му одговориле: „Не мора да му се молите на Бога, само молете се“.
Тој рекол: „Тоа нема никаква смисла. Што сакаш да кажеш со „моли се, но не му се моли на Бога“?

Тогаш еден од учесниците во групата му одговорил: “Дали сакаш да останеш пијан или сакаш да се отрезниш? Ако сакаш да бидеш трезен, треба да се молиш секој ден.

Јас сум трезен веќе седум и пол години. Се молам секој ден, а исто така не верувам во Бог. Но, кога се молам, тоа ме потсетува дека не сум Бог“.

И тоа е прекрасно сознание. Сфаќањето дека не сум највисоката сила на светот. Затоа што некои луѓе живеат во илузија мислејќи дека се семоќни.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...