Со вас споделуваме една од творбите на Антоан де Сент-Егзипери, кои не потресуваат секој пат.




Се прашував што точно успева да ги извлече луѓето од најтешките моменти во нивниот живот и тие да успеат да се исправат со нова сила и ново Јас кон следните предизвици.
Се прашував додека не морав сама да поминам низ тоа. Она што нè одржува, она што ни дава сила и надеж е верата. Верба во себе и во повисоката сила таму горе.
Верувањето дека работите ќе функционираат, дека трпението и истрајноста се клучот за самоспознавањето и хармонијата.




Оваа малку позната молитва ја напишал Антоан де Сент-Егзипери во еден од најтешките периоди од неговиот живот:
„Господи, не се молам за чуда и чудотворби, туку за силата на секој ден. Научи ме на искуството на малите чекори.
Направи ме внимателен и снаодлив, за да можам во различноста на секојдневието да се задржам на откритијата и искуствата што ме инспирираат.




Научи ме правилно да го распределувам времето во мојот живот. Дај ми тенка смисла да го разликувам значајното од незначајното.
Те молам за сила за воздржаност и мерка, за да не треперам и лазам во животот, туку паметно да си го планирам денот, да можам да гледам врвови и далечни простори, а понекогаш дури и да имам време да уживам во уметноста.
Помогни ми да сфатам дека илузиите не помагаат со ништо. Ниту спомените од минатото, ниту соништата за иднината. Помогни ми да бидам овде и сега и да ја земам оваа минута како најважна.




Сочувај ме од наивното верување дека сè во животот треба да оди без проблеми. Тоа ми дава јасна свест дека комплексноста, поразите, падовите и неуспесите се природен дел од животот, благодарение на кои растеме и созреваме.
Потсети ме дека срцето често се расправа со умот. Испрати ми во вистинско време некој кој има моќ да ми ја каже вистината, но би го направил тоа со љубов.
Знам дека решението на многу проблеми е во исчекување. Затоа научи ме на трпение.
Знаеш колку многу ни треба пријателство. Направи ме достоен за овој прекрасен и нежен подарок на судбината.




Дај ми богата фантазија за да можам некому да му ја дадам вистинската топлина во вистинско време, на вистинско место, тивко или зборувајќи.
Направи ме човек способен да достига до оние што го достигнале дното. Заштити ме од стравот да не пропуштам нешто во животот.
Дај ми не она што го сакам, туку она што навистина ми треба. Научи ме на искуството ма малите чекори.


